ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓански здруженија реагираат на најавите за измена на Изборниот законик

Околу 20 граѓански здруженија остро реагираа на најавите за измена на Изборниот законик непосредно пред локалните избори. Одлуката да се подигне прагот за собирање потписи за независни листи на советници и за градоначалници за „Зелен хуман град“ е одлика на режимски земји.

„Најавите на премиерот Зоран Заев се силен удар врз демократијата во Македонија. Членот 62 од Изборниот законик не е менуван 15 години, откако Законот е влезен во сила во 2006 – та година, а тоа е Законот во кој е уредно колку потписи се потребни за независни листи на локално ниво. Ние ќе се бориме на секој можен начин против ваквите недемократски практики кои се одлики на режимски земји“, рече Драгана Велковска, Зелен хуман град’.

Измените во Изборниот законик во делот на собирање потписи и предлогот тоа да изнесува два отсто од запишаните избирачи би значело дека независен кандидат за советник во Град Скопје треба да собере околу 10 илјади потписи наместо досегашните илјада.

„На пример во Кипар и Малта потребни се само четири потписи за вие да поднесете независна листа на локални избори. Во Грција се потребни 12, додека во Германија и Данска таму се потребни скоро двесте, што е далеку помалку од прагот кој ние го имаме тука“, изјави Горјан Јовановски, „Зелен хуман град“.

„Левица“ смета дека големите партии имаат интерес да се подигне прагот за собирање потписи за независни кандидатури.

„Ова е срамно качување, малтене десеткратно качување на потребниот број на потписи за независни листи. Имаме најави за „бранковистичко крило“, имаме најави за зелени листи во Скопје, во Тетово исто, значи ДУИ ги засега, имаме некои десни листи анти ВМРО – ДПМНЕ, сите тие на овој начин ќе бидат елиминирани“, рече Борис Крмов, „Левица“.

Министерот за правда Бојан Маричиќ не смета дека подигањето на прагот за собирање потписи, значи недемократски чин.

„Предлогот од два отсто е компромисен предлог кој мислам дека ја одразува реалната слика и го одразува расположението меѓу пратениците“, рече Маричиќ.

Измените на Изборниот законик веќе се во Собранието. Освен промена на прагот на собирање потписи, новина е имплементирањето на отворени листи а за некој да биде избран ќе му бидат потребни три проценти од запишаните избирачи. Сепак, неофицијално во овој дел може да има амандман со кој цензусот би се спуштил на еден процент.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button