РЕГИОН
Грчките пратеници одобрија задолжителната вакцинација на лица над 60 години

Грчкиот Парламент синоќа го изгласа амандманот за задолжителната вакцинација на лицата над 60 години, јави дописничката на МИА од Атина.
Амандманот предвидува поради неопходни причини за заштита на јавното здравје, задолжително да се вакцинираат против ковид-19 сите физички лица со живеалиште или престој на грчка територија, а кои се родени пред 31 декември 1961 година.
Од задолжителната вакцинација ослободени се оние кои прележале ковид-19 во последните 180 дена или имаат докажани здравствени причини кои ги спречуваат да се вакцинираат.