ЗДРАВСТВО

Грипот го достигнува пикот

Од Институтот за јавно здравје информираат дека од 3 до 9 февруари се регистрирани 2.880 случаи на грип или заболени слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела. Но, споредено со истата недела лани, кога имало 1.874 случаи, сега има зголемување за 53,6 отсто.

Advertisements

Во моментов Институтот не планира да предложи препораки до Комисијата за заразни болести.

За да се заштитите од грип, Институтот за јавно здравје препорачува да се избегнува собирање и престој во затворени простори со повеќе луѓе. Според податоците на Институтот во сезоната 2024/2025 година, вкупниот број на случаи на заболени слични на грип изнесува 11.614.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button