МАКЕДОНИЈА

Гром усмрти 25-годишник од Тетово

Синоќа околу 19:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атарот на тетовското село Урвиќ, било пронајдено мртво тело на 25-годишниот Е.О. од Долен Палиш од Тетово, кој бил погоден од гром и починал на местото на настанот.

Смртта била констатирана од страна на лекар по судска медицина, додека Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле целосен увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button