ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Група на зелени: Референдум да има, но не за криење зад народот

Група на зелени: Референдум да има, но не за криење зад народот

Европската унија не е целосна без земјите од Западен Балкан, велат европарламентарци од Групата на зелените, кои ја посетија земјава. Според нив евроинтегративниот процес на земјава бил „загаден“ од билатерални прашања и ветија дека ќе сторат сè за преговорите за членство да се одвиваат врз основа на резултати и постигнати реформи.

„Се надевам дека ќе успееме во тоа да извршиме притисок на Комисијата и земјите-членки за да се осигуриме дека ќе нема повеќе блокади во иднина кои се однесуваат на нерелевантни прашања“, рече Тинеке Стрик – европратеник..

Додека од Брисел се надеваат дека никој нема да го злоупотреби правото на вето за време на преговорите за членство на Македонија и понатаму останува можноста за внатрешна блокада на процесот. Во однос на последните иницијативи за референдум на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, европратеникот Бутикофер вели дека референдум треба да се спроведе доколку е во согласност со Уставот, но и да се почитуваат резултатите.

„Вклучувањето на граѓаните во еден демократски процес никогаш не треба да биде одбиен од еден демократ. Но, оние кои го употребуваат демократскиот процес за да се скријат зад граѓаните и ги мамат граѓаните, треба да бидат критикувани. Ако некој каже да се случи референдум, а потоа не му се допаѓаат резултатите и вели дека нема да ја почитува одлуката, таа личност не е кредибилна“, додаде Рајнхард Бутикофер – европратеник.

Европратениците немаат впечаток дека во моментов постои мнозинство за уставни измени, иако, како што велат, на дел од средбите кои денеска ги имаа со македонските колеги, им било кажано дека постои голема веројатност да се стигне до бројката од 80 пратеници. Дотогаш, како што додаваат, земјава треба да се посвети на реформите особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button