ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Гужви пред вакциналните пунктови низ земјава

И покрај дождот и снегот, голем број граѓани денеска ги преплавија пунктовите за вакцинација, создавајќи долги редици. Гужвата настана поради празниците каде голем дел од центрите за вакцинација не работеа неколку дена. Граѓаните кои ги анкетиравме чекаа во ред повеќе од 40 минути, пред сè за да ја примат третата доза од вакцината, но оние за втората имаа приоритет поради закажаниот термин.
Од Поликлиниката Букурешт во Скопје ни рекоа дека најголем интерес има за третата доза.
И додека граѓаните се вакцинираа, бројот на заразени со Ковид останува висок. Во последните 24 часа регистрирани се 813 нови случаи и 6 починати.
Мелихате Рустеми