ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ – градските превозници ќе редуцираат автобуси

Зголемувањето на цената на метанот од 50 на 110 денари може да предизвика повлекување на дел до автобусите од улиците во Скопје. Засега се најавува повлекување на 22 автобуси на приватни превозници, ако Владата и Градот Скопје да не го прифатат барањето за субвенционирање на метанот. Од Здружението на приватни превозници велат дека во овие околности работењето станува тешко, со оглед на тоа што ЈСП им должи 43,5 милиони денари, а долгот секојдневно се зголемува. Засега не се планира зголемување на цената на билетите. За излез од кризата, секој приватен превозник треба да даде од 5 до 15 илјади евра за да ги пополни финансиските дупки.

Јовановски вели дека досега поднеле писмени и вербални барања, но институциите не им одговориле. По поскапувањето на метанот и по мерките преземени минатата година поради пандемијата, состојбата за нив станува уште потешка. Ограничувањето на линиите им донело помал профит бидејќи парите што ги добиваат се базираат на извозените километри, земајќи ја предвид цената на нафтата. Алсат испрати прашања до Владата и до Град Скопје дали се информирани за овие барања и каков став ќе заземат по нив, но одговор не добивме.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button