ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаџиреџа рече дека сите текстови објавени во списанието „Веритас“ за плагијат се точни

Поранешниот декан на медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово Кастриот Хаџиреџа рече дека сите текстови објавени во списанието „Веритас“ за плагијат се точни. Тој вели дека ректорот, деканите, докторантите и некои професори биле информирани за плагијат уште од пред една година. Хаџиреџа за Алсат изјави дека неговата реакција за овој феномен го чинеше со разрешување од функцијата декан на факултетот.

„Помина една година, од март минатата година, јас лично како декан на факултетот за медицински науки, ректорот на УТ, канцеларијата за наука на УТ и неколку еминентни професори, бевме бомбардирани со вакви електронски пошти. На првиот состанок кој го имавме за унапредување во академик на еден од професорите, кој беше апострофиран во списанието „Веритас“, беа откриени сите вистини и жестоко дебатиравме во наставниот совет, затоа што го бранев достоинството на медицинскиот факултет и на УТ, дека не можеме да ги затвориме очите и да ги надминеме овие проблеми затоа што проблемот не завршува со покривање”.

Хаџиреџа ги отфрли вчерашните изјави на деканот на медицинскиот факултет Невзат Елези дека трудовите на апострофираните професори не се завршени. Тој рече дека овие трудови се веќе објавени во научни списанија.

„Вчера ја слушнав изјавата на деканот кој ме замени и навистина жалам што се оправдува со фактот дека работите се во тек, бидејќи тоа се објавени трудови. Ова се објавени трудови во списанието и тука нема што да поправате. Секој граѓанин нема потреба да ме прашува мене или некој друг дали се точни овие тврдења на Верита? Земи го трудот, внеси го во системот против плагијат и сè излегува. Јас лично како декан на некои од овие дела, се разбира дека ги внесов во системот против плагијат и тврдењата изнесени од страната која пријавува, се покажаа како сто проценти точни“.

Според списанието „Веритас“, седум професори кои во моментов предаваат некои од основните предмети на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово, кои се поврзани едни со други, направиле плагијат на нивните научни трудиви. Според ова списание, нивните трудови се копирани од повеќе научни медицински списанија во различни земји во светот. Според истото списание, станува збор за поранешниот ректор на УТ Неџбедин Беадини, неговата сопруга Шеќибе Беадини, Албулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди и Екрем Исмани.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button