ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанија ги исполнува услови за почеток на ЕУ преговори, Македонија треба да ги реши проблемите со Бугарија

Европската комисија констатира дека се исполнети сите услови за почеток на преговорите за членство со Албанија, но не и со С. Македонија. Комесарот за проширување Оливер Вархеји ја пофали Албанија за спроведените реформи, а истовремено ја повика С. Македонија да најде решение за споровите со нејзиниот источен сосед.

„Северна Македонија разви стабилно темпо во спроведувањето на ЕУ реформите, особено во областа на основните права. Важно е што побрзо да се најдат прифатливи решенија за нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“.

Комесарот ги даде овие коментари за време на економски форум во Тирана, спроведен онлајн, подвлекувајќи дека ЕУ прави сè за да ги исполни своите ветувања, а земјите-кандидати треба да ги исполнат своите. Од друга страна, премиерот Заев одговори дека Македонија чека 16 години пред вратите на ЕУ за да ги започне преговорите за членство. Вели – продолжуваат напорите за реформи, како и билатералните односи со Бугарија, но не може да се направи никаков компромис за македонскиот идентитет.

Девет држави-членки на ЕУ преку писмо упатено до високиот претставник, Жозеф Борел, побараа проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан да се стави на агендата на Советот за надворешни работи на ЕУ во април.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button