ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Хибридната власт на ДУИ и СДСМ ја загуби битката за контрола на ДИК“

„Хибридната власт на ДУИ и СДСМ ја загуби битката за контрола на ДИК“

Со изборот на Адбуш Демири за член на ДИК од албанската коалиција ВРЕДИ сметаат дека била спречена можноста за манипулација со изборниот процес од страна на власта. Од албанската опозиција нагласуваат дека за Демири не гласале само пратениците на Зијадин Села и на Левица. Сега ДИК има 7 членови, колку што треба да има според изборниот законик. (Изјава)

„Хибридната власт на ДУИ и СДСМ ја загуби битката за целосна контрола на ДИК и за евентуална манипулација на изборите. Вчера Собранието гласаше за кандидатот на ВРЕДИ за член на ДИК, Абдуш Демири со 90 гласа „за“ и ниеден „против“. Но, јавноста треба да знае дека за членот во ДИК не гласаа само петте пратеници на Зијадин Села и двајца од партијата на Апасиев, Левица“, рече Блерим Сејдиу, „ВРЕДИ“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button