СВЕТ

Холандија ја затворa својата амбасада во Техеран поради зголемените тензии меѓу Иран и Израел

Холандија ја затворa својата амбасада во Техеран поради зголемените тензии меѓу Иран и Израел

Холандија утре ќе ја затвори својата амбасада во Техеран како мерка на претпазливост, поради зголемените тензии меѓу Иран и Израел, соопшти денеска холандското Министерство за надворешни работи.

Advertisements

Министерството изјави дека утре ќе одлучи дали амбасадата ќе биде повторно отворена во понеделник, пренесува Ројтерс.

Неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран, наведувајќи го ризикот од ненадејна ескалација на постоечките тензии во односите на Техеран со Израел.

Медиумите вчера објавија дека Израел се подготвува за најлошото сценарио, Иран да го нападне директно Израел, како одмазда за нападот на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, во кој загинаа неколку ирански воени службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button