СПОРТФУДБАЛ

Милан во дилема, Конте или Лопетеги за местотот на Пиоли

Милан влезе во победнички ритам во Калчо-лигата и се искачи на второто место на табелата, но тоа нема да биде дозволно за Стефано Пиоли да остане на кормилото и за наредната сезона.

Последните информации од Италија говорат дека „росонерите“ се уште серизно размислуваат за тренерска смена, а клучни ќе бидат претстојните два меча на Милан, реванш дуелот со Рома од четвртфиналето во Лигата на Европа по кој ќе следи и големото градско дерби со Интер во Серија A.

Милан има негатива од 0-1 од поразот на домашен терен на првиот дуел со Рома, додека трката за скудетото со Интер е веќе загубена поради огромната предност на „нероаѕурите“. Сепак, челниците на клубот сметаат дека Пиоли треба токму во вакви моменти да покаже дека може да го извлече максимумот од екипата, која треба да ги надмине сопствените можности.

Италијанските медиуми ваквиот ултиматум го објаснуваат како уште еден доказ дека „росонерите“ не веруваат премногу во овој стратег, иако Пиоли со лимитиран играчки ростер пред две сезони им ја донесе шампионската титула. Според голем дел од медиумите, на „Сан Сиро“ се подготвени за тренерска смена летово, а единствената дилема е дали на местото на Пиоли ќе пристигне Антонио Конте или пак за нов тренер ќе биде именуван екс-стратегот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, со кого челниците на Милан веќе имале една средба што се оценува како „крајно позитивна“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button