РЕГИОН

Хорор во болница во Косово: Телото на мртво бебе по грешка било ставено во машина за перење, покрената е истрага

Против гинеколошкото одделение на Општата болница во Пеќ, Косово е покрената истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење. Телото на детето било извадено од машината за перење на парчиња, пишува Косово онлајн.

Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.

„За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ била известена полицијата и веднаш излегла на местото на настанот, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствени инспектори. Случајот го истражуваат државниот обвинител и здравствените инспектори“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button