РЕГИОН
Хоти: Замена за претседателот или нови избори

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, рече дека парламентарните партии имаат две опции: Да најдат решение за испразнетото место на претседателот на државата или да се договорат за датум за избори. Тој во меѓувреме ги негираше гласините дека ќе поднесе оставка. Во Косово, новиот претседател треба да биде избран во рок од неколку месеци, откако Хашим Тачи поднесе оставка на почетокот на ноември и беше испратен во Хаг за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото. Актуелен в.д. претседател е спикерката на Собранието, Вјоса Османи, но според Уставот таа не може да ја извршува оваа должност повеќе од шест месеци.