ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу оздравени страдаат од пост-ковид здравствени проблеми

Ризикот од можни здравствени компликации сè уште не поминува кај пациентите кои го прележале корона вирусот. Иако успеале да го победат, здравствените последици што Ковид-19 ги оставил зад себе во некои случаи доведуваат до итна потреба за дополнителна болничка нега. Особено ризични категории пациенти се оние кои имаат болести поврзани со белите дробови, срцето и нервниот систем.

Многу граѓани и на социјалните мрежи сведочат за проблемите кои им ги оставил корона вирусот.

„Крвниот притисок 200/110 во менопауза е многу за мене како 38-годишна, ми бучи во ушите, болки во вратот, имам крварење од носот.“

„Мојот 13-годишен син откако инфекцијата помина има забрзано чукање на срцето, отежнато дишење и проблеми со бубрезите. Прима терапија како да е стар, навистина има потешкотии.“

„Имам 25 години и отсекогаш имав низок крвен притисок, сега откако го поминав ковид, имам висок притисок и имам страшно бучава во ушите.“

Според официјалните податоци, 25% од хоспитализираните пациенти починале во пролетниот бран од болеста. Зголемена смртност е забележана и кај пациентите со два негативни теста и кои се воделе како оздравени. Во текот на изминатата недела имавме 256 смртни случаи. Од нив 7 немале други придружни болести, односно големиот број на пациенти кои не ја преживеале болеста имале и други здравствени проблеми.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button