МАКЕДОНИЈА

И новата бугарска влада останува на сегашната позиција во однос на С Македонија

Кирил Петков го презеде мандатот за состав на новата бугарска влада. Во Народното собрание идниот премиер го претстави следниот кабинет. Меѓу другото, Петков потврди дека позицијата на Бугарија во спорот со Северна Македонија останува непроменета, но изрази подготвеност страните да седнат на маса за изнаоѓање решение. Бугарија и Северна Македонија имаат многу да добијат од добрососедските односи, рече Петков.

„Позицијата на Бугарија останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, туку сакаме да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да докажеме дека преку работа и заедничка комуникација се движиме кон добрососедски односи. Но, ние ќе ги заштитиме бугарските национални интереси“, рече Петков.

Новата влада во Софија ќе ја сочинуваат четири политички партии и коалиции. Ќе има пет вицепремиери и 17 министерства.

Претседателот Румен Радев, потсети на новата владина коалиција за заштита на националните интереси при давањето мандат на Петков.

„Битката за безбедност и заштитата на националните интереси на Бугарија се други важни прашања што треба да бидат ваш приоритет“, рече претседателот Радев.

Во меѓувреме, Северна Македонија нема многу време за да се надева за датум за почеток на преговорите со ЕУ во декември. Самитот на ЕУ за општи работи е на 14 декември, а на шефовите на држави на 16 и 17 декември.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button