МАКЕДОНИЈА

Снегот предизвика проблеми со струјата во охридско-струшкиот регион

Поради дефект на 110 киловолтните далекуводи на АД „МЕПСО“, „Битола Ресен“ и „Вруток-Шпиље“, претпладнево околу 11.35 часот, без електрична енергија останаа и Ресен, Дебар и околните села. Во целиот овој регион живеат околу 100 000 граѓани. Неофицијално причина за дефектот се обилните врнежи на снег во регионот, особено во повисоките предели кој е влажен и тежок.

Во Струга имаше испопаѓани и бандери, а поради немањето на струја, која сѐ уште е со повремени прекини, немаше ниту интернет и телефонски врски. Во некои делови од Струга и водата од градскиот водовор беше со слаб притисок. Некои од планинските села во струшко какошто се Горна Белица и селата од регонот на Малесија се целосно отсечени. Таму има и до 70 сантиметри снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button