ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај критиките на Атина дека земјава запрела во спроведувањето на Договорот од Преспа, Владата не посочува кои точки не се исполнети

Владата не посочува каде застанала со спроведувањето на Договорот од Преспа. На прашањето на Алсат кои се забелешките на Атина, Владата вели дека во некои области има одложувања поради пандемијата, но не посочува каде конкретно.

„Владата на Северна Македонија и владата на Грција успешно ги исполнуваат своите обврски. Кризата со пандемијата, имено честопати оневозможува планираната агенда да се реализира навреме“, наведоа од Владата.

Извршната влада истакна дека позитивниот тренд во билатералните односи е потврден при посетата на министерот Бујар Османи на Атина на 14 јануари. Но, за време на оваа посета раководството на грчката држава обвини дека голем број институции не го користат новото име и не е направено доволно за искоренување на политиката на антиквизација. Официјална Атина дури и ја услови својата поддршка за евроинтеграциите на Скопје со целосно спроведување на билатералниот договор. Експертите проценуваат дека е време сериозно да се разговара за имплементација на договорот од двете страни.

Според поранешниот амбасадор во Грција, Љупчо Арсовски, за спроведувањето на Договорот треба да се разговара преку дипломатска комуникација. Според него, Скопје треба да го следи и спроведувањето на Договорот од грчка страна.

Иако Договорот од Преспа предвидува конкретни рокови за исполнување на обврските од двете страни, во некои сфери има одложувања, а во други доцнења. На пример, разгледувањето на училишните книги, кое требаше да се заврши во рок од една година од постигнувањето договор, не е започнат. Следниот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет се очекува да се одржи во февруари.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button