ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај критиките, на учениците им се допаѓа дигиталната настава

Технологијата секој ден сè повеќе се развива, па се чини дека учениците од основното образование претпочитаат дигитален начин на настава. Дури и оние од четврто, петто и шесто одделение велат дека платформата arsimi.mk, креирана од Министерството за образование, служи како дополнителна опција за стекнување нови знаења преку видеа, фотографии, илустрации и разни квизови.

Advertisements

„Напишав домашно со оваа платформа, како во тетратка, но само на лаптоп. Тоа ми се допаѓа затоа што има слики и задачите ми изгледаат поинтересни“, вели еден ученик.

„Мислам дека тоа е добар начин за да ни покаже каде грешиме. Гледав видеа за животни и многу други работи“, додаваат учениците.

Паралелно со начинот на учење во дигитална форма, учениците не го запоставуваат и класичното учење.

„Сега можеме да решаваме задачи на лаптоп, но не смееме да ги заборавиме книгите и тетратките“, рекоа учениците.

„Полесно ми е да работам на лаптоп, но не смееме да ги заборавиме книгите и тетратките кои секојдневно ги носиме“, додаваат тие.

Наставничката од ОУ „Пенко“, Хатиџе Топали е оценета меѓу најактивните наставници на оваа платформа за дигитално учење. Топали, покрај предностите што ги носи овој начин на образование рече дека има забелешки во електронските текстови, особено оние на албански јазик.

„Посебно во книгите по албански јазик и другите, но во учебникот по албански јазик имаме повеќе забелешки затоа што и кога учениците точно одговараат каде не треба да стои буквата „ë“, таму стои буквата „ë“ и задачата излегува неточна. Некогаш треба да напишат погрешно само за електронски да ја добијат точната задача.. Не мислиме дека печатените книги ќе исчезнат. Децата кои се речиси секоја минута со телефоните во раце и на разни социјални мрежи, зошто да не го искористат времето за да си ја завршат домашната задача“, изјави Хатиџе Топали, учителка.

Според Топали, од прво до трето одделение не се планирани дигитални текстови. Целта е децата да ги почитуваат педагошките препораки во овој период од нивното образование да развиваат вештини поблиску до книгата и пишаниот збор.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button