ЗДРАВСТВО

Лекарите: „Вака правете разлика меѓу грип и настинка“

Промената на времето влијае на зголемување на бројот на заболени од разни вируси. Ниските температури наутро, а високите попладне, ги прават граѓаните поизложени на грип и настинки. Лекарите препорачуваат зголемување на консумирањето на сокови, овошје и зеленчук.

„Да правиме разлика меѓу грип и настинка. Грипот кога ќе се појави тогаш наеднаш има висока температура до 39 степени. Тоа трае еден ден, а потоа терапијата ја даваме според симптомите за да нема компликации кај други болести кои можат да се добијат. А, настинка е со течење на носот, кај некои може да има солзење во очите, кај други дури и болка во телото или умор, но тие симптоми поминуваат од три до 7 дена“, рече Сафјане Балчишта, матичен лекар.

Граѓаните велат дека покрај промената на температурите, загадениот воздух дополнително влијае врз нивното здравје.

Лекарите препорачуваат изолација на заболените од грип, бидејќи освен што можат да заразат некој друг, можат и самите да си ја искомпликуваат состојбата бидејќи вирусот многу брзо апсорбира бактерии.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button