КОШАРКАСПОРТ

Има договор, Дубаи влегува во регионалното натпреварување на АБА Лигата

Челниците на новиот кошаркарски проект од Дубаи долго време преговараат со АБА-лигата за влез во регионалното натпреварување, а според последните информации постигнат е целосен договор. Имено, овој клуб од новата сезона ќе стане дел од АБА1 натпреварувањето, за што ќе обезбеди и богат спонзорски договор за оваа регионална лига.

Покрај тоа, Дубаи ќе ги покрие трошоците на сите екипи кои ќе гостуваат во оваа светска метропола додека е дел од АБА-лигата. Се уште е неизвесно дали влегувањето на Дубаи ќе значи и проширување на АБА1, или ќе се променат пропозициите за испаѓање и промоција од елитното натпреварување.

Овој тим преговараше и со Евролигата, за на крајот да биде решено Дубаи сепак да почека за учество во елитното европско кошаркарско натпреварување. Постигнат е договор овој клуб во следната сезона да биде дел од Еврокупот, за што ќе има загарантиран буџет од 12 милиони евра, а потоа при првата реализација на идејата за ширење на Евролигата, Дубаи да биде меѓу првите клубови кои ќе добијат вајлд-карта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button