ВЕСТИЗДРАВСТВО

Идеален појадок во чаша: 7 брзи и лесни smoothie рецепти

Наздравете со суперздравите пијалаци од омиленото овошје, чоколадо, мелени ореви или зеленчук за добро утро, здравје и ден полн со енергија.

Во зимската сезона кога заради одбрана од настинките и грипот треба да се внесуваат повеќе витамини во организмот, едноставните пијалаци од овошје и зеленчук се идеално решение. Покрај тоа што се хранливи, даваат енергија и претставуваат практичен и брз оброк.

Бананата е најнеопходна состојка, бидејќи таа најдобрo ја дава потребната густина. Со додаток од кикирики, јогурт и мед ќе ја добиете потребната енергија за цел ден.

Зачините исто така имаат важна улога бидејќи им даваат подобар вкус на состојките. Најчесто се додава цимет, мускатно оревче, ванила, ѓумбир, сушено чили и сл.

Различните јаткасти плодови како ореви, лешници, бадеми, кикирики му даваат посебен вкус и енергетска вредност на вкусното smoothie.

Одберете некои од вкусните енергетски пијалаци по ваш вкус:

1.Чоколадно smoothie

Состојки:

½ филџан млеко
½ филџан вода
1 банана
2 лажички масло од кикирики
2 лажички какао или чоколадо во прав
Подготовка:

Исечкајте ја бананата и заедно со сите останати состојки измиксајте ја во блендер. Наместо кравјо може да ставите соино млеко и по желба може да додадете и пола лажичка мед. Сето тоа сипете го во голема чаша и уживајте!

2. Пијалак од ѓумбир

Состојки:

1 банана
1 портокал
1 филџан јогурт
Мал корен ѓумбир
¼ лажичка цимет
Подготовка:

Исечкајте го портокалот. Малиот корен ѓумбир излупете го и ситно изрендајте го. Исечкајте ја бананата и заедно со останатите состојки измиксајте ги во блендер. Според вкусот можете да додадете малку манго или лажичка мед.

3. Егзотично smoothie

Состојки:

½ филџан изрендана тиква
1 филџан полномасен јогурт
½ филџан вода
¼ авокадо
2 лажички мелено ленено семе
1 лажичка мед
¼ лажичка цимет
Подготовка:

Сварете ја тиквата во литар вода со малку кафеав шеќер по желба. Оставете ја да се излади и испасирајте јаза да добиете каша. Додајте ги останатите состојки и сето тоа измиксајте го во блендер.

4. Витаминска бомба

Состојки:

¾ филџан вода
½ филџан овошен јогурт
3 мандарини
2 лажици сок од портокал
1 лажица лимонов сок
1 лажичка мед
По желба: мраз, киви и кафеав шеќер

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button