ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Илјадници мртви пчели и стотици килограми расипан мед, помор во тетовско

Се подготвуваа да го добијат годишниот мед, но двајца пчелари од Тетово беа шокирани од она што го видоа.

Илјадници пчели угинале како резултат на отров против инсекти испрскан на дрвја. Сопствениците на кошниците велат дека расипани се стотици килограми мед.

„Пчелите се целосно уништени. Сега е врв на пчелите кога секоја кошница има над 70.000 единки внатре, но исто така видовте со вашите камери колку мртви пчели има на земја. Една кошница чини близу 200 евра, но сега не е така затоа што сега го достигнува врвот на раст кога во рок од десет дена очекувавме да собереме мед. Во 40 кошници имало минимум 10 килограми мед и повеќе не можеме да го користиме”, рече Махир Илјази- пчелар.

Иако веќе две децении се занимаваат со пчеларство, Абдилсанер Јакупи вели дека по овој инцидент ќе се откажат од пчеларството.

„Веројатно е дека ќе завршиме со оваа работа. Каде да ги однесам? Ако ги однесам подолу кај Комбинатот каде што имам парче земја и таму ќе се испрска и ќе се случи истото. За оваа година ја затворивме сезоната со нула односно минус”, вели Абдилсанер Јакупи, пчелар.

Велат дека случајот го пријавиле во полиција, не за надомест на штета, туку за подигнување на свеста кај граѓаните кои имаат овоштарници за да не се повторат ваквите случаи на масовно убивање на пчелите. Полицијата во Тетово потврди дека се занимава со овој случај.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button