ВЕСТИРЕГИОН

Имињата на кандидатите за премиер и министри во идната бугарска влада ќе бидат објавени следната недела

Иако беше најавено дека составот на идната бугарска влада ќе биде објавен до крајот на оваа недела, тоа нема да се случи. Ивајло Валчев од партијата „Има таков народ“ денеска изјави дека разговорите меѓу потенцијалните партнери се во тек и дека сега се водат на ниво на експерти, по одделни програмски целини.

„Ние се уште не сме го добиле мандатот, па разбирливо е дека не сме ниту во можност да објавување имиња. Тогаш кога ќе ни биде врачен мандатот, тогаш и ќе го дознаете името на премиерот“, рече пратеникот на ИТН во бугарскиот парламент, Ивајло Валчев.

Претседателот на „Демократска Бугарија“ вели дека се разговара за кадровскиот состав на идната влада.

„Мошне важно е да знаеле каква е нивната биографија, која им е визијата, дали можат да ги исполнат обврските. И се разбира, треба да е јасно која политичка конфигурација ќе застане зад тој владин тим во парламентот“, нагласи лидерот на ДБ, Христо Иванов.

Техничкиот премиер, Стефан Јанев, очекува да биде постигнат коалициски договор со јасни правила за тоа кој го носи одлуките и каква е одговорноста на политичките субјекти кои ќе ја поддржуваат владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button