ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерко ќе биде кандидат за нов мандат во Струга, одлучи ДУИ

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври.

Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

„Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври затоа што сме убедени со господинот Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешното менаџирање со Струга, затоа што тоа го бараат и граѓаните“, изјави Груби.

Тој смета дека Мерко заслужил и вели дека кривична пријава што е поднесена за трошењето на буџетот, е доказ дека градоначалникот е нешто виновен. Граѓаните, порачува Груби, на крај се меродавни и тие одлучуваат, а Мерко секогаш кога се кандидирал победувал и испраќал во политичка пензија и лидери на партии кои му биле противкандидати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button