МАКЕДОНИЈА

Иницијаторите за стопирање на законот за учебници чекаат покана за нова средба од МОН

Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети.

Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека викендов не добиле покана за нова средба и дека ќе почекаат до утре попладне, до завршување на работното време на МОН, а дотогаш нема да ја бојкотираат наставата. Доколку не се оствари најавената повторна средба, рече дека ќе ја известат јавноста за следните чекори.

-Утре ќе бидам во Скопје и ќе чекам до крајот на работното време. Ако не биде, ќе ве известиме за понатаму, рече Спасовска.

По средбата пред три дена таа за медиумите изјави дека претставниците од МОН не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК.  На средбата, на која не присуствуваше министерката Мила Царовска, им било кажано дека по консултации со БРО, одново ќе ги поканат од понеделник на средба.  Тогаш таа најави дека ќе протестираат доколку нема средба за нивните барања до почетокот на идната недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button