ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инспекторатот истражи, но не открива дали имало роднини на пациенти во болницата во Тетово

Здравствениот инспекторат ја провери информацијата дека роднини на пациенти престојувале во центарот за ковид во Тетово и со денови се грижеле за своите роднини. Но, инспекторите не откриваат детали од увидот. Конкретни податоци ќе биле објавени по завршувањето на истрагата. Во меѓувреме, Алсат денеска сретна роднини на пациенти кои им носеа храна и ни кажаа дека престојувале со нив во ковид центарот.

 Некои членови на семејства се пожалија дека откако кажале оти биле присутни во ковид-центарот, почнале да добиваат закани. Таков е и евентуално случајот со Ибди Емшиу, чиј брат и татко загинаа во пожарот. Тој рече дека непознати лица му се заканувале дека не смее да дава изјави. Случајот го потврди и Секторот за внатрешни работи Тетово. Полицијата соопшти дека полициски инспектори го сослушале Емшиу и работат на случајот. За ова денеска реагираа од албанската опозиција.

„Последниве денови се врши притисок врз семејствата на жртвите и лекарите од тетовската болница. Ибин Емшиу, млад човек кој ги загуби таткото и братот во пожарот, пријави дека му се закануваат да не зборува и да не ја кажува вистината за условите и пожарот во модуларната болница во Тетово. Некои лекари пријавија дека се врши притисок да потпишат петиција во одбрана на еден од директорите во тетовската болница, во ист стил како и обидот на директорите на скопските клиники да го спасат Филипче.“

Села бара веднаш да се престане со ваквиот притисок за истражните органи да си ја завршат работата без политичко мешање.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button