МАКЕДОНИЈА

Шилегов од Гази Баба: Скопје ќе биде град без шалтери, каде младите ќе се на прво место

Младите мора да останат во Скопје и затоа во нив постојано ќе вложуваме, порача кандидатот за градоначалник Петре Шилегов на трибината на СДСМ во Гази Баба. Тој кажа дека актуелната локална власт работи домаќински и веќе се заштедени пари кои се пренаменуваат за значајни цели.

-Веќе светат новите ЛЕД-сијалици и заштедуваме 1,3 милиони евра годишно откако ги заменивме старите. Заштедата ќе ја трошиме за Скопјани, така што ќе надоместуваме 50% од надоместокот за запишување деца во градинки и за оброк во основните училишта, кажа Шилегов.

Тој потсети дека трите средни градски училишта во Гази Баба се целосно реконструирани, расчистени се депониите, направени се велосипедски патеки, а подигнати се и нови паркови.

-Затоа велам дека Скопје денес е многу поинаква приказна од претходно. Скопје ќе биде прв главен град во регионот што ќе биде целосно дигитализиран и нема да има повеќе шалтери, се што може ќе биде направено преку мобилен, заклучи Шилегов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button