ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инспекторите на терен во контрола на маркетите

Пазарните инспектори на терен. По нив и нашата екипа. Акцијата беше спроведена во дел од скопските маркети за контрола на цените на основните прехранбени производи. Од Дирекцијата на Државниот пазарен инспекторат велат дека ги засилиле контролите на секое продажно место, по поплаките од граѓаните. Двајца од инспекторите што ги сретнавме во Сарај наполнија корпа со производи кои детално ќе ги прегледаат.

„Ако пишува дека е 470гр и има +/- 5гр, се постапува според Законот за метрологија и Законот за заштита на потрошувачите, како чин на измама на клиенти. Денеска не го правиме тоа, засега само проверуваме дали трговецот се придржува до одлуките на Владата за ограничување на маржата на основните производи“, вели еден инспектор.

Следниот чекор се документите. Прехранбените производи за кои постои сомневање за можна манипулација се испраќаат до канцеларија за да се види еквивалентноста на цената и ДДВто, со утврдената количина и маржа на сила.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се на терен во маркетите и продавниците за да ги проверат основните прехранбени производи. Во моментов бараат да видат дали се работи според прописите што ги бара државата.

Но, секојдневието на граѓаните станува се потешко. Велат дека зимата само ќе ви ги продлабочи проблемите. Граѓаните се жалат на високи цени, кои се недостижни за нив.

Од Државниот пазарен инспекторат се дознава дека две третини од инспекторите се ангажирани за покривање на целиот пазар на големо и мало. Но поради малиот број тие не стигаат навреме да го контролира развиениот пазар со многу продажни места .

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button