ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Светска бака: Домашната економија може да влезе во стагфлација

Домашната економија може да влезе во фаза на стагфлација, предупредува Светска банка. Во есенскиот извештај се предвидува мал економски раст на среден рок. Енергетската криза, високата инфлација и војната во Украина, според Светска банка, ќе влијаат економскиот раст да биде само 2,1% од бруто домашниот производ во 2022 година, 2,7% во 2023 година и 2,9% во 2024 година. Инфлацијата се очекува да расте уште повеќе во текот на годината, и на крајот на 2022 година да достигне 12,3% според Светската банка. Во 2023 година се предвидува инфлација од 5,9%, додека во 2024 година се очекува инфлацијата да биде 2,6%.

Проекција за економски раст

2022 2023 2024
ЕКОНОМСКИ РАСТ 2,1% 2,7% 2,9%
ИНФЛАЦИЈА 12,3% 5,9% 2,6%

Светска банка препорачува да се спроведат реформите, а политичките напори да се фокусираат на враќање на фискалната и финансиската одржливост.

„Додека се заканува опасност од стагфлација, државата мора да почне да ги спроведува ветувањата за реформи кои можат да го оживеат моментумот на потенцијалниот раст на среден рок. Политичките напори мора да бидат насочени кон враќање на фискалната и финансиската стабилност, истовремено градејќи социјална отпорност и клима што ќе ја намали ранливоста на земјата од шокови и ќе ги обнови долгорочните изгледи за економски раст“, наведуваат од Светска банка.

Економистите нагласуваат дека ова е сериозен извештај и треба да се земат предвид сите коментари.

„Стагфлација значи економска стагнација, односно намалување на економската активност, економски пад, пад на економската активност, плус ако ја додадеме и двоцифрената инфлација што ја имаме сега, се изедначува со стагфлација. Сè уште не сме во фаза на стагфлација, во рецесија сме, но да бидеме појасни, во извештајот на Светска банка точно е наведено дека можеме да одиме во фаза на стагфлација, кога исто така имаме ресурси кои чинат многу, кога ни недостасува работна сила и друго“, вели Абил Бауш, економист.

Бауш рече дека за ова прашање најзагрижени треба да бидат институциите кои управуваат со ситуацијата. Експертите препорачуваат: внимателно со јавниот долг, да се штеди, и да се бараат алтернативи за струја. Порачуваат и трошењето за јавни инвестиции да биде конкретно, точно и да се имаат соодветни резултати.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button