ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата решена да се спротивстави на изборот на Љубомир Јовевески за член на Уставен

ВМРО ДПМНЕ остро се противи на изборот на Љубомир Јовески за член на Уставниот суд. Расправата по ова прашање трае повеќе од две недели во собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата, каде земаат само македонските пратеници од опозицијата. Според партијата на Мицковски, изборот на уставните судии се врши на нетранспарентен начин.

Досега на комисијата поминаа осум предлози, од кои Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева предложени од мнозинството добија виза. Шесте предлози на ВМРО беа отфрлени со мнозинство гласови од комисијата. Уставниот суд веќе 17 месеци работи со само пет члена од вкупно 9 што требаше да ги има. Во ноември истекува мандатот на уште еден уставен судија, со што оваа институција ризикува тотална блокада поради немање кворум.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button