ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Што ќе значат реформите во ДУИ по 15 октомври

Пред пандемијата, ДУИ функционираше без функционални тела во партијата и под раководство на Генералниот совет како највисок орган меѓу двата конгреса. Од изборниот конгрес на 21 ноември 2019 година, ДУИ ги донела сите одлуки како листи на кандидати за пратеници, министри во владини кабинет, кандидати за градоначалници само врз основа на Генералниот совет, иако статутот на партијата го предвидува спротивното.

„Претседателството на Генералниот совет, со предлог на претседателот на Партијата, имајќи ги предвид предлозите на ограноците, ја составува листата на кандидати за пратеници, која ја доставува до Генералниот совет на верификација. Со предлог на претседавачот, Претседателството на Генералниот совет го назначува носителот на другите државни функции, како и лицето кое ќе раководи со финансиските работи на партијата“, пишува во Членот 66 од Статутот на ДУИ.

На 15 октомври Генералниот совет, кој според статутот на партијата брои 75 членови, ќе треба да го избере раководството на партијата или, повикувајќи се на статутот, Претседателството на Генералниот совет, кое мора да се состои од 33 члена. Претседателството како што најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по анализата на политичките случувања во државата, ќе избираат органи на партијата, вклучително и генералниот секретар и организациониот секретар, кои ги предлага првиот човек на партијата, а се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Генералниот совет. Не се знае дали ќе се разгледа и можноста за смена на потпретседателите на партијата, од кои двајца во моментов се дел од групата на незадоволните.

Ден откако Ахмети се соочи со „огнената група“, од групата не се појавија во јавноста да ги коментираат нивните очекувања од 15 октомври. Но, вчера рекоа дека се задоволни што отсега дебатата ќе се одвива внатре во партијата, без да коментираат дали се зборувало и за разрешување на првиот вицепремиер Артан Груби, чие име најмногу се споменува во упатениот јавен допис до првиот човек на ДУИ.

Во јавното писмо, незадоволната група вината за лошите изборни резултати во Тетово и Гостивар ја сведе на „недостигот на организациски живот во ДУИ“, додека кадровските решенија ги оцени како привилегии на Артан Груби, чие однесување, според нив, предизвикало револт и пасивност на структурите и гласачите.

Незадоволната група го изрази својот револт уште од формирањето на Владата по изборите во 2020 година, додека нивниот јавен настап како формација незадоволна од работата на извршната власт беше прво официјализирање на кризата во ДУИ од нејзиното формирање.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button