ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Институциите не презеле ништо за изолација на кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници

Институциите не презеле ништо за изолација на кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници

Сомнителните симптоми на мајмунски сипаници кај пациентот од Кичево не ги кренаа на нозе тамошните локални институции сè додека медиумите не алармираа дека е оставена потенцијална опасност. Имено, тој одбил да дојде да се тестира на Инфективната клиника во Скопје.

„Иако протоколот за префрлање на сомнителен пациент со опасни инфекции од други градови на Инфективната клиника треба да се врши преку брза помош, локалните здравствени власти во Кичево не презеле мерки и го оставиле пациент да постапува по своја волја.“

Три дена подоцна, 43-годишниот пациент вратен од Австрија бил лоциран по интервенција на централните здравствени власти. Од Министерството за здравство велат дека тој е во добра состојба и не му било препорачано да се хоспитализира. Според нив, за потврдени случаи се препорачува изолација додека траат симптомите, сè до закрепнување. Доколку пациентот е во добра состојба се препорачува домашна изолација, но доколку клиничката слика е потешка се препорачува прием на Инфективна клиника.

„Пациентот е лоциран и воспоставена е комуникација со семејството од страна на надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје-Битола. Првичната анкета е завршена и мора да се направи тестот за кој располагаме со тестови од Институтот за јавно здравје и очекуваме до крајот на неделата да имаме конечен одговор дали се работи за сипаница или не“, велат од Министерство за здравство.

Од Министерството за здравство, според првичните информации, констатирано е дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемиолошка анализа, лабораториска потврда и изолација на сомнителниот случај. Карактеристични симптоми на мајмунска сипаница се треска, температура, мозолчиња на кожата, а болеста се шири преку физички контакт, но и долг престој со заразениот.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button