ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Кичевчанецот не сака да се тестира за мајмунски сипаници

Кичевчанецот не сака да се тестира за мајмунски сипаници

Првиот пациент со сомнителни симптоми од Кичево одбива да се тестира за мајмунски сипаници, велат од Комисијата за заразни болести. 43-годишникот по посетата на епидемиолозите кај него дома одбил да дојде на Инфективната клиника. Првиот човек на Комисијата, Александар Петличковски, појаснува дека здравствените власти немаат законски овластувања да принудат некого да се тестира, но велат дека тоа е во интерес на јавното здравје.

Тестирањето на вториот осомничен заразен било негативно. Пациентот со симптоми на кожни белези и треска е имигрант од Сирија, кој бил дел од групата повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Гевгелија-Демир Капија. Од Комисијата за заразни болести велат дека нема потреба од паника бидејќи мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно.

Комисијата за заразни болести вчера препорача да се воспостават мерки за изолација и карантин, конкретно: изолација во домашни или болнички услови на сомнителни случаи на мајмунски сипаници додека не се тестираат; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до крајот на болеста или до опоравување, секојдневно следење на епидемиолошките контакти на потврдените случаи во текот на целиот период на инкубација од 21 ден.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button