ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара Владата да покаже каков нов документ ни спрема Бугарија

ВМРО бара Владата да покаже каков нов документ ни спрема Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ бара премиерот Ковачевски и Владата да кажат каков нов документ ќе имаат во однос на дијалогот со Бугарија и какви услови ќе содржи. Според потпретседателот на оваа партија, последните случувања ја докажуваат тезата на македонската опозиција дека бугарските барања нема да завршат.

Од СДСМ го нарекоа лага тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ за нов документ со услови. Можноста за нов документ меѓу Скопје и Софија вчера ја отфрли и МНР.

Пред неколку дена бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков изјави дека ќе се спреми документ со обврски и заложби за сите институции во неговата земја за да постигнат систематски пристап кон процесот на дијалог со С Македонија.

Бугарија оди на предвремени парламентарни избори на 2-ри октомври и моментално со неа управува привремена влада.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button