ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Интервентен фонд за земјоделството, ВМРО: Власта спроведува наш амандман

Власта и опозицијата повторно со меѓусебни обвинувања на тема кој повеќе се грижи за граѓаните во кризно време. Владејачката СДСМ ја пофали Владата дека во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на земјоделски производи е на високо ниво, го поддржува домашното земјоделство. Се воведува интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари. Но, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека во буџетот за годинава СДСМ не предвидел пари наменети за ваков интервентен фонд, туку станувало збор за амандман на пратениците од ВМРО и коалицијата. Со неа барале дополнителни 600 милиони денари, но постапката потоа власта ја сменила сумата во 250 милиони.

„120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен. Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто“, рече Трајан Димковски, СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button