Инцидентот во Парламентот пукна поради пензионирање на судии и обвинители

Вчерашниот собраниски инцидент се случи при разгледување на предлог закон со кој се предвидува судиите и обвинителите да работат до 67 години. Овие измени влегуваат во собранискиот филтер по укинување на можноста за продолжување на работниот век на вработените за дополнителни 3 години, освен во секторите здравство и високо образование.
Ако измените не поминат, тогаш од задутре околу 60 судии и 10 обвинители ќе почнат еден по друг да се пензионираат, бидејќи имаат навршено 62 или 64 години. Обвинителството и судската власт пак, тврдат дека и без нив се соочуваат со недостиг на кадар.
Во судовите, според систематизацијата, би требало да има речиси 640 судии, но актуелно има околу 470. Актуелно криминал гонат 162 обвинители, иако од обвинителството бараат вработување на уште 100.
Со години обвинителскиот и судскиот совет алармираат за недостиг на кадар. Тие проблемот го гледаат во Академијата „Павел Шатев“, односно недоволниот број кадри кои излегуваат од таму. Но, од Академијата возвраќаат дека продуцираат онолку кадри колку што им бараат обвинителскиот и судскиот совет.
Игор Стефановски