ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Искусни токсиколози ќе прават испитувања пред да бидат пуштeни на домашно лекување повредените во Кочани

На повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава ќе им бидат направени токсиколошки анализи пред да бидат пуштени на домашно лекување.

Advertisements

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во изјава за медиумите рече дека испитувањата ќе ги прават искусни токсиколози.

– Тоа е одлучено во Кризниот штаб за сите пациенти кои ќе се испишуваат. Затоа и денеска не брзавме да ги испишиме, имавме неколку пациенти кои беа за испис. Ќе дојдат искусни токсиколози, ќе направат испитувања и да бидеме сигурни да ги пуштиме за лекување во домашни услови, истакна Таравари.

Посочи дека сите 173 пациенти кои се лекуваат во земјава и во странство, се во добра состојба. Седумдесет и двајца се лекувале во државава, а 101 надвор од неа. Во добра состојба се и двајцата пациенти транспортирани во Шведска.

Попладне, околу 16 часот, како што најави Таравари, на веб-страницата на Министерството за здравство ќе бидат објавени имињата на сите болници каде се лекуваат повредените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button