ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Историчари од Скопје и Софија онлајн дискутираат за разликите околу улогата на Гоце Делчев и за учебниците

Нема детали за атмосферата во која се одржува онлајн состанокот на Комисијата на историчари на Македонија и Бугарија. Дводневниот состанок се очекува да трае до доцна, бидејќи беше најавено дека ќе се разговара за Гоце Делчев и учебниците по историја за седмо одделение. Министерството за надворешни работи не дава детали зошто заедничкиот акциски план сè уште не е усогласен, односно не прецизираа што останува да се дефинира. По последната средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, бугарската министерка Екатерина Захариева не даде никакви детали.

 Ништо нема да се направи без преговори. Треба да преговараме на маса кога сме соочени еден со друг, а не пред медиумите. Кога ќе се договориме за датумот на меѓувладината конференција, тогаш ќе објавиме заедно“.

Но, пред 10 дена министерот Бујар Османи рече дека 99% од акцискиот план е усогласен. Изјавата на Османи влеа оптимизам кај специјалниот претставник, Владо Бучковски.

 „Постои предлог од едната страна за нов договор за соработка во културата. Мислењето на другата институција е дека веќе постои договор. Дали треба да има две или три години. Се дискутира за овој вид технички детаљ, но немаме суштински разлики во однос на пристапот и содржината. Затоа, јас сум оптимист дека во наредните денови ќе го финализираме“.

 Акциониот план вклучува соработка во различни сектори, за спроведување на Билатералниот договор од 2017 година. Неимплементацијата на договорот, но и нивното барање Македонија да се откаже од историјата и од идентитетот беше една од причините што Софија го блокираше почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button