ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Народните избраници во Собранието можат никогаш да не одат на работа, можат да го известат претседателот на Собранието дека не можат да присуствуваат на седницата и да земаат плата до крајот на нивниот мандат

Народните избраници во Собранието можат никогаш да не одат на работа, можат да го известат претседателот на Собранието дека не можат да присуствуваат на седницата и, без никакви пречки, да земаат плата до крајот на нивниот мандат. Како резултат на тоа, Собранието не одржува редовни пленарни седници со месеци поради недостаток на кворум, односно немање на доволен број пратеници. Отсуството на некои пратеници е доброволно, а на некои други, поради состојбата со вирусот. Во понеделникот, работните групи го продолжуваат дијалогот Жан Моне, при што ќе се разгледува можно преиспитување на Деловникот за да се обезбеди пофункционално Собрание, но пратеничките групи немаат ист став за регулирање на прашањето за отсуството на пратениците.

„Во понеделник ќе го одржиме првиот состанок од овој парламентарен состав и сигурно ќе ги отвориме прашањата што се случуваат на дневна основа во Собранието во врска со сите блокади во работата на Собранието. Дијалогот Жан Моне е процес што трае и не очекувам да се донесат конкретни одлуки во понеделник“.

„Одговорноста на пратениците во овие случаи останува во рамките на самоодговорноста. Дијалогот Жан Моне не може да го промени ова. Пратениците се одговорни пред гласачите кои гласале за нив. Немаме механизми за интервенирање во деловникот и законите, бидејќи деловникот не може да биде над Уставот, затоа што ова прашање е дефинирано со Устав“.

„Обврска на пратениците е да бидат во служба на интересите на граѓаните преку ангажирање во работата на Собранието и комисиите и создавање на услови за ефективно работење во Собранието. Ние сме за промени шри што ќе се овозможи со активноучество да се создадат услови за целосно функционирање на Собранието “.

Деловникот и Законот за пратеници го нагласуваат задолжителното учество на пратениците во работата на Собранието и на работните тела, но нема санкции за пратениците кои оправдано отсуствуваат подолг период.

„Пратеник има право и е должен да учествува на седниците на Собранието и да учествува во работата и донесувањето одлуки. Пратеникот кој не е во можност да учествува на седницата на Собранието, е должен да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата. “

“Пратеникот е должен да учествува на седниците на Собранието и на работните тела каде што е член и да учествува во работата и донесувањето одлуки на Собранието и на работните тела.”

Според деловникот, пратеникот ќе има намалена плата од 5%  по три неоправдни отсуства по ред.

Од друга страна, Уставот предвидува одземање на мандатот на пратеник само во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци.

“Мандатот на пратеник може да му се одземе кога тој е осуден за кривично дело и друго казниво дело што го прави недостоен за функцијата пратеник, како и за неоправдано  отсуство од Собранието повеќе од шест месеци”.

Историски гледано, од извештаите на Собранието низ годините, пратениците кои најмногу се отсутни се лидерите на политичките партии.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button