ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски во седиштето на „Вреди“ – се утврдуваат принципите на идната соработка

Мицкоски во седиштето на „Вреди“ – се утврдуваат принципите на идната соработка

Коалициите „Вреди“ и „Твоја Македонија“ денеска на средба во централниот штаб на коалицијата „Вреди“ разговарале за принципите на новата 4-годишна реформска влада. Додека изминативе денови, јавноста беше окупирана од гласините за испраќање на емисари од ДУИ кај ВМРО, Мицкоски денеска го посети штабот на коалицијата Вреди, за јасно да ја искаже новата соработка. Тој беше пречекан од еден од лидерите на Вреди, Арбен Таравари. АЛСАТ дознава дека борбата против криминалот и корупцијата, вклучително и против оние кои останаа со скрстени раце кон неказнивоста, како и стратешката ориентација кон ЕУ се двете главни точки на политичкиот договор.

До изборниот молк остануваат само уште неоколку часа, а Коалициите ВРЕДИ и онаа на чело со ВМРО ДПМНЕ ги искристализираа принципите на идната влада. Договорот, без сензационализам, бил постигнат за време на денешната посета на првиот човек на коалицијата „Твоја Македонија“ Христијан Мицкоски во седиштето на ВЛЕН на плоштадот „Скендербег“.  Како што дознаваме од двата политички табора, принципиелниот договор за идното владеење ја зајакнува стратешката ориентација на земјата кон ЕУ. Исто така, вториот столб на кој ќе се заснова новата влада е бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, барајќи одговорност не само од луѓето вклучени во криминални и коруптивни активности, туку и од оние кои помогнале во неказнивост на овие злосторства. На економско-социјален план дознаваме дека се разговарало и за еднаков регионален развој со посебен осврт на зголемување на животниот стандард како и за економската и социјалната благосостојба на граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button