ВЕСТИЗДРАВСТВО

Истражување на Оксфорд: Комбинација од „Астра Зенека“и „Фајзер“ поттикнува подобар имунолошки одговор

Доза на вакцината „Астра Зенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги поттикнува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажало најновото истражување на Универзитетот Оксфорд. Истражувањето покажало дека примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ се дава четири недели по имунизацијата со „Астра Зенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „Астра Зенека“.

„Секако е охрабрувачки тоа што овие одговори на антителата и Т-клетките изгледаат добро при мешаното давање на вакцините, но треба да се користи начин што делува докажано, освен доколку не постои доволно добра причина за спротивното“, изјавил професорот Метју Снајп, кој стои зад истражувањето.

Снајп потенцира дека и досегашната пракса на вакцинирање со две дози од ист производител на вакцина дава добри резултати, дури и против Делта-сојот, но комбинацијата на различни вакцини покажува исто така солидни резултати. Најголем одговор на антителата е забележан кај луѓе кои примиле две дози вакцина „Фајзер“, што дало подобри резултати отколку по приемот на две дози на вакцината „Астра Зенека“.

Британските власти засега нема да ја менуваат постојната пракса на вакцинирање, пишува „Би Би Си“, но истражувањето како што оцениле дава можности за во иднина, како и поддршка за земјите кои практикуваат комбинација на вакцини од различни производители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button