ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Избран новиот состав на Антикорупциската комисија

Со поддршка и од власта и од опозицијата Собранието го избра новиот состав на Антикорупциската комисија. Со 97 гласови за нов претседател на оваа Комисија беше избрана Татјана Димитровска. Таа на осми февруари нареднава година ќе ја преземе функцијата на Билјана Ивановска. Димитровска е дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија. Нови членови на Комисијата се и ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Сервет Демири, потоа судијката Софија Спасова-Медарска, како и двајцата досегашни советници во Антикорупциската комисија, Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаили. За овие позиции беа пријавени 41 кандидат. Тие на 23, 24 и 25 ноември беа интервјуирани од страна на изборна комисија во Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button