ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Бавна правда, трето судење за родилката од Дебар која остана без органи

По трет пат во Основниот суд во Струга денеска од почеток со главна расправа и сослушување на оштетената, почна судењето за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Нејзе во 2020 година после породувањето со царски рез во струшката болница поради сè уште нејасни причини ѝ беа извадени три органи – јајник, матка и еден бубрег. Првообвинет е гинеколот Мухамед Асани, а потоа неговиот син Блертон Асасани, како и докторката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето.

„По трет пат давање на исказ и враќање на тоа што ми се случи и тие денови во таа кобна болница во Струга сè повеќе и повеќе ми го скратува животот. Сè повеќе сум изнемоштена од овие настани, наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат правдата што ја заслужуваат. Ако нема казна тука во Македонија за тројцата лекари, јас правдата ќе ја барам во Стразбур“, вели Веапоска.

Дека ѝ се извадени трите органи Веапоска дознала дури откако се разбудила на интензивна нега во Скопје. Вели дека никој не ѝ објаснил зошто ѝ биле извадени трите органи.

„Главното прашање е кој, како и зошто ги извадил органите.Што е важно дали или не била во кома. Важно е дека имала органи во себе, а после царскиот рез немала органи во себе…“, рече Сашо Јанев, адвокат на Јилдиз.

Тројцата обвинети рекоа дека не се чуствуваат виновни, но денеска никој од нивните адвокати не сакаше да даде изјава. Инаку, судењето повторно почнува од почеток бидејќи претходниот судија замина во пензија. Поради недостиг на судии во Струга, судењето сега го води судија од Скопје. Следното рочиште е во февруари.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button