ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити се заканува со интерпелација на неговиот сопартиец, вицепремиерот Артан Грубин

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, се заканува со интерпелација на неговиот сопартиец, вицепремиерот Артан Грубин, доколку не ги исполни ветувањата и не одговори на прашањата на пратениците.

 

„Тоа не го негирам, тој не е единствениот механизам, Парламентот има повеќе демократски механизми за зајакнување на пратеникот, или за зајакнување на Парламентот против Владата, така што едно од нив е прашањето за интерпелација, затоа не го негирам тоа, но не сме одлучиле кој иден механизам ќе биде во употреба “

 Меџити рече дека Артан Груби сè уште не одговорил на поставените прашања на седницата за пратенички прашања. Од Алијанса за Алабнците и Алтернатива велат дека „војната“ меѓу Меџити и Груби воопшто не е искрена, туку има за цел да ја манипулира јавноста.

„За нас е несфатливо што потпретседателот на ДУИ, координатор на пратеничката група, бара одговорност од ДУИ од говорницата на Собранието. Можат тоа да го направат многу лесно во партиските канцеларии, може да ги направи во канцелариите на функционерите што ги критикува. Затоа, сметаме дека намерно играат игра за ДУИ да стане опозиција на ДУИ, ние ќе им ја откриеме оваа игра и ќе ја објавиме, бидејќи не се дозволува таква манипулација со пошироката јавност.

На последната седница за прашања на пратеници, Артан Груби не само што не одговори на Меџити, туку и ја напушти салата, кога пратеникот побара отчет за неисполнување на ветувањата во првите 100 дена од Владата.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button