ВЕСТИСВЕТ

Израел има три предуслови за воспоставување мир со Палестинците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека пред да има мир меѓу Израел и Палестинците, Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира.

Трите предуслови Нетанјаху ги објаснува во авторски текст објавен во „Волстрит џурнал“.

Во врска со првиот услов за мир, Нетанјаху пишува: „САД, Велика Британија, Франција, Германија и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група. За да се постигне таа цел, мора да се уништат нејзините воени способности и да се прекине неговото политичко владеење над Газа. Водачите на Хамас ветија дека ќе го повторуваат масакрот од 7 октомври ’повторно и повторно’. Затоа нивното уништување е единствениот пропорционален одговор за да се спречи повторување на таквите ужасни злосторства“.

Нетанјаху вели дека меѓународната заедница треба да го обвини Хамас за огромните цивилни жртви во војната.

Нетанјаху вели дека Израел, исто така, мора да се погрижи Газа никогаш повеќе да не се користи како база за напад на земјата.

„Меѓу другото, ова ќе бара формирање привремена безбедносна зона на периметарот на Газа и механизам за инспекција на границата меѓу Газа и Египет што ги задоволува безбедносните потреби на Израел и спречува шверц на оружје на територијата“, пишува Нетанјаху.

Истакнувајќи го третиот предуслов за мир, премиерот напиша дека палестинските училишта мора да ги учат децата да го негуваат животот наместо смртта, а имамите мора да престанат да проповедаат за убиства на Евреи.

„За тоа најверојатно ќе биде потребно храбро и морално лидерство“, рече Нетанјаху, напаѓајќи го палестинскиот претседател Махмуд Абас, за кој вели дека не може ни да се натера да ги осуди злосторствата од 7 октомври.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button