СВЕТ

Израел опколи уште две болници во Газа

Израел повтори дека милитантите на Хамас ги користат како бази болниците во Газа, каде што се води војна повеќе од пет месеци. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација.

Хамас и медицинскиот персонал ги негираат наводите.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека еден од членовите на нејзиниот персонал е убиен кога израелски тенкови ненадејно упаднале во областите околу болниците Ал-Амал и Насер во јужниот град Кан Јунис, за време на силно гранатирање и бомбардирање.

Израелските вооружени сили ја блокираа болницата Ал Амал и почнаа со операции во нејзина близина, соопшти Црвената полумесечина.

„Нашите тимови се во екстремна опасност во моментов и се целосно блокирани“, додава организацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button