ВЕСТИСВЕТ

Двајца од четворицата осомничени за нападот во Москва ја признале вината

Првите двајца осомничени за нападот на концертната сала во предградието на Москва, во кој загинаа 137 лица, ја признале својата вина за нападот, но сите четворица кои синоќа биле изведени пред Судот во Москва, ќе останат во притвор најмалку до 22 мај.

Како што јавија руските новински агенции, двајцата осомничени се обвинети за „тероризам“ и им се заканува доживотен затвор. Руските власти претходно објавија дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица напаѓачи, кои се странски државјани.

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на салата во предградието на Москва се зголеми на 137, меѓу кои и три деца, соопштија вчера руските истражители, додавајќи дека на местото на настанот пронашле оружје и муниција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button