СПОРТ

Синер триумфираше на својот прв настап на Мастерсот во Мајами

Италијанскиот тенисер Јаник Синер триумфираше на својот прв настап на Мастерсот во Мајами откако во три сета го совлада Талон Грикспор од Холандија (5-7, 7-5, 6-1).

Освојувачот на титулата на Австралија Опен имаше многу среќа бидејќи при водство на противникот од 1-0 во сетови и 3-3 во вториот сет, дојде до прекин на мечот поради дожд. Паузата траеше околу половина час, а истата влијаеше на натамошниот дел од натпреварот. Дотогаш Синер играше прилично лошо, а по враќањето на теренот успеа да израмни, освојувајќи го вториот со 7-5 за во третиот сет буквално да го прегази својот ривал.

Во третото коло се очекува Синер да има уште полесна работа бидејќи противник ќе му биде 66. светски тенисер Оконел од Австралија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button