СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола, е одушевен од квалитетите на Џамал Мусијала

Tренерот на европскиот и англиски првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е одушевен од квалитетите на Џамал Мусијала, младиот офанзивец на Баерн Минхен, и побарал од раководството на клубот да го доведат на „Итихад“ без да прашуваат за цена.

Според медиумите на Островот, Гвардиола дури се заканил и со можноста да ја напушти клупата доколку не му биде исполнета оваа желба. Иднината на Кевин Де Бруин и Бернардо Силва на „Итихад“ е под знак прашалник, а Гвардиола сака навреме да донесе достојна замена за белгиецот и за португалецот.

Де Бруин се поврзува со изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија, додека Силва долго време е цел на ПСЖ. Џамал Мусијала има актуелен договор со Баерн Минхен и сигурно дека баварскиот клуб нема така лесно да се сложи да го продаде ова лето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button